Упатства за одржување на вашата долна облека
за да ја одржувате вашата долна облека во добра состојба....

...подобро е да ја перете рачно. Некои градници се изработени од различни материјали и имаат различни упатства за одржување. Куките на задниот дел и регулаторите на висина на прерамките не поднесуваат висока температура. Ако ги перете во машина за перење секогаш користете благ детергент и ставете ги во вреќичка за перење.

Симболот на етикетата ви покажува како најдобро да ја исперете долната облека. Симболот на градник направен од комбинација на материјали се однесува на најосетливиот материјал од кој е направен градникот.

Било да ја перете облеката рачно или во машина за перење, треба да се погрижите секогаш да биде добро исплакната за да се отстранат трагите од детергент кои можат да ја иритираат чувствителната кожа или да го пожолтат материјалот. Трагите од парфем и дезодоранс многу тешко се отстрануваат. За да го избегнете ова ставете парфем на вашето тело пред да се облечете и чекајте додека кожата потполно не се исуши.