Високо функционални едноделни костими за сериозни пливачки, класични гламурозни костими и модерни дводелни бикини со неограничени можности на комбинации. Можност за секоја жена да си го пронајде својот стил и да блесне со костимите на Амоена. Дизајнирани да обезбедат сигурност и комфорт, со невидливи поддршки кои ќе ги задржат градните форми на своето место.
Малку повисок крој под пазувите
Овие костими се малку повисоки под пазувите за додатна безбедност, без да сокријат повеќе од саканото.
Специјално дизајнирани џебови
Костимите на Амоена имаат специјално дизајнирани џебчиња на двете страни кои ја држат градната форма дискретно и сигурно на своето место. Никој нема да ја забележи вашата протеза која што неможе да се лизне, а со тоа се обезбедува сигурно и слободно движење со потполна самодоверба. Нашите џебчиња се достапни од сите страни, што ги прави лесни за употреба.
Еластични корпи
Еластичен подграден појас и специјално оформени корпи кои ја држат градната протеза тесно припиена до телото. Овие корпи ја оневозможуваат протезата да се лизне или да падне на напред, дури и кога костимот е мокар.
Стандарден крој кај пределот на препоните
Ако не е назначено поинаку, повеќето наши костими имаат стандарден крој кај препоните – не се превисоки, ни прениски- одговараат и прилегаат на повеќето фигури и возрасти.
Стандарден крој на грбот
Приближно 5 см под линијата на градникот (освен кога е назначено поинаку).
Додатни карактеристики
Само кај некои од нашите костими за капење
-
Меки корпи: Повеќето стилови имаат меки корпи кои обезбедуваат поддршка и меко обликување на градниот кош со комплетно природен изглед.
-
Прерамки со регулатор: Прерамките се регулираат делумно за да обезбедат идеално прилегање.
-
Поддршка: Нашите костими имаат појачување во пределот на стомакот и/или задникот, изработени од Ликра, кои го обликуваат телото без да притискаат.
-
Џебови со фишбајни: некои од нашите бикини имаат меки силиконски фишбајни кои се адаптираат на вашата форма за да обезбедат поддршка без да предизвикаат непријатност. Флексибилните фишбајни нема да ја оштетат вашата Амоена градна протеза.