Женствени,модерни и лесни за носење, Амоенините градници се специјално дизајнирани да го комбинираат комфорот и добриот изглед со сигурноста која е неопходна после операциите на градите. Имате можност да изберете од големиот избор на Амоена долната облека, вклучувајќи ги стиловите што се идеални за вас доколку имате тензија во вратот и/или рамениците или лимфедема.
Прерамки
Нашите удобни, прерамки со регулатор ја поддржуваат вашата градна форма без да ги оптеретуваат рамениците. Некои стилови имаат пошироки, меки прерамки за додатен комфор и поддршка.
Џебови
Доколку не е поинаку назначено, сите градници во нашата понуда имаат дискретни, мулти-опционални џебови. Тие ќе ја задржат градната форма сигурно на своето место, така да таа нема да се лизне или покаже преку корпата, обезбедувајќи ви додатно спокојство.
Изработени од најфини материјали кои се оформени за перфектно да се обликуваат во корпата на градникот, мулти-опционалните џебови даваат повеќе избори, градници кои се носат од сите жени-без разлика дали ви требаат билатерални, леви, десни или градници без џебови.
Корпи
Кроени за да ја следат формата на градната протеза и да осигураат перфектно прилегање. Еластични краеви кои даваат екстра сигурност.
Поширок појас на градникот
Обезбедува поддршка и стабилност, и ја држи вашата градна форма сигурно на своето место.
Варијабилно закопчување
1-4 кукички, во зависност од големината, осигуруваат дека вие ќе ја добиете потребната поддршка.