Oeko-Tex е препознатлив печат на квалитет за производи направени без додавање на супстанции кои се штетни за човековото здравје. Секој производ е детално тестиран од страна на независни Европски истражувачки институти и внимателно анализиран во согласност со стандардизирани критериуми. Oeko-Tex сертификатот кој се наоѓа на етикетата на производот им потврдува на купувачите дека производот е одобрен.
Критериуми за сертификација на Oeko-Tex материјалот:
- Гарантира отсуство на алергиски бои
- Гарантира отсуство на канцерогени бои или слични производи
- Во согласност е со максималните вредности за пестициди (овие ограничувања исто така важат и за овошје и зеленчук)
- Има добра ph вредност