Сакаме да се чувствувате удобно кога ги носите специјалните Amoena градници. Затоа вистинскиот избор на материјали е од суштинско значење. Покрај тоа што материјалите треба да бидат пријатни при допир на вашата кожа, тие исто така треба да бидат трајни и лесни за перење. Материјалите на Amoena долната облека ги задоволуваат сите овие услови.

Tactel се DuPont група на производи направени од микро еластични влакна со голема густина.

Tactel aquator е DuPont производ, материјал со висок квалитет, пријатен за кожата.

Произведен од DuPont, Lycra Soft материјалот се прилагодува нежно и удобно на телото.

Oeko-Tex е препознатлив печат на квалитет за производи направени без додавање на супстанции кои се штетни за човековото здравје.