Карактеристики на градните протези

Amoena ги изработува своите производи според строги правила, во согласност со  ISO 9001, што гарантира врвен квалитет.

Amoena градните протези се изработени од два материјали кои се меки за кожата: силикон и PU филм.

Силикон и PU-филм.

Силиконот се произведува синтетички од природни сурови материјали - песок и јаглен, и затоа е природен производ. Предностите на  силиконот се што тој е нежен со кожата, мек, водооотпорен и значително отпорен на хемикалии и топлина. Затоа градните протези се адаптираат многу брзо на температурата на телото.  Amoena сама го изработува и развива силиконскиот гел кој се добива со мешање на сурови материјали и неговиот квалитет е внимателно проверуван.

Обвивката на градните протези е изработена од PU филм, материјал со  високи перформанси кој по својата мекост и еластичност е многу сличен на кожата. Тестовите покажуваат дека филмот не предизвикува алергиски ракции или иритација на кожата. Употребата на овој филм ја прави силиконската градна протеза многу нежна за кожата и телото. Амоенините лесни протези сега се обложени со SuperSoft филм. Овој нов филм има природен, свилен изглед кој е мек на допир и е многу еластичен.

Лепливи материјали

Лепливата површина на внатрешниот дел на Amoena Contact градните протези е направена од леплив силикон. Поради одличните тестови за компатабилност со кожата, .лепливиот силикон долго време се употребува во медицинската пракса.

Дизајн и развој

Лабараторијата на Amoena за дизајн развива иновативни решенија кои понатаму се тестирани од страна на жените. Нивните искуства се дел од секоја следна серија на производи.

Размислувањето  на Amoenа одсекогаш било дека само жените кои имале операција на градите знаат најдобро што треба идеалните градни протези да направат и како треба да изгледаат.

Затоа Amoena се потпира на блиската соработка со жени кои имале операција на градите и работи во партнерство со повеќе од стотици жени кои ги тестираат нашите производи пред тие да бидат пуштени во продажба. "Само работејќи заедно можеме да најдеме најдобри решенија на проблемите со кои се соочуваат жените кои имале операција на градите", вели Monika Petermann, одговорна за развој на градни протези во Amoena. Таа има широко знаење за пазарот за градни протези и 13 години работела како консултант во продавници за медицински производи. "Потребите на нашите купувачи постојано се менуваат и затоа мораме да се движиме напред за да го усовршиме дизајнот на градните протези на иднината", вели таа. Таа ги анализира искуствата на нашите постојани тест носачи на производите и одржува близок контакт со медицинските професионалци.

Иако жените вклучени во нашите тест групи се од различни области, тие се обединети под една единствена идеја. Тие сакаат да го искористат своето искуство со цел да направат нешто за другите жени во иднина  да бидат поштедени од проблемите со кои тие се соочувале во периодот по операцијата.