Опис
- Директно се припива до кожата и се движи заедно со телото
- Останува на место при секое Ваше движење
- Ги растеретува рамениците од притисок – особено важно за жени со лимфоедема или покрупни гради
- Лесна за носење и одржување
- Дава поголема слобода при изборот на облека, како на пр. блузи со подлабоко деколте или блузи на прерамки
- Ви дава поголема сигурност и самодоверба
Лесните градни протези ги имаат следните карактеристики:
- До 33% помала тежина од нашите стандардни градни протези со што даваат дополнителна удобност
- Препорачани за жени со лимфоедемa или проблеми со грбот
- Идеални при спортување и пливање
Важна напомена:
Кожата непосредно после операција и терапија со зрачење е многу чувствителна. Затоа ви ги препорачуваме самолепливите градни протези дури после постоперативниот третман (или околу 6 месеци по операција). Amoena Contact можете да ја замените до 3 месеци по купувањето. Доколку имате било какви проблеми со Amoena Contact, ќе ви ја замениме со друга градна протеза без лепење и без паричен надомест.