Никогаш задоволни....
Амоена беше првата фирма која го претстави револуционерниот концепт на иновации на градни форми за луѓе кои имаат рак на дојка. За разлика од другите индустрии, Корнелиус никогаш не се задоволи со статус кво ситуацијата за градните протези. Тој продолжи да истражува нови начини за понатамошни иновативни дизајни и подобар комфорт на протези со природен изглед. Во 1984, Амоена ја претстави својата 2 слојна градна протеза со поцврст силиконски прстен на страните кој помогна многу во стабилноста на протезата, а при тоа таа изледаше слично како анатомијата на правата женска града.
Технолошки предности
Амоена има регистрирани 25 патенти и има историја богата со развој и пораст. Еве потсетник на моментите на кои најмногу се гордееме:
- 1984 Нова 2 слојна протеза
- 1988 Патентираниот дизајн на протеза со Flowable Gel Back слој
- 1989 Првата филијала во Америка
- 1992 Првата генерација на лепливи градни форми со патентиран метод
- 1992 Првата линија на долна облека специјализирана за жени со рак на дојка
- 1996 Првите костими за капење со џеб за градна протеза
- 1996 Втората генерација на лепливи градни форми по патентиран производен метод.
- 2000 Третата генерација на лепливи градни форми по патентиран производен метод.
- 2004 Лесни протези во различни нијанси на тенови
- 2005 Новата патентирана Climate градна протеза
- 2008 Патентирана новата Comfort+ технолошка градна форма
- 2010 Новата Амоена Energy градна протеза со 3Д бисерна површина
- 2010 Лансирана првата колекција на долна облека дизајнирана за сите жени Амоена Миа
Инвестирање во развој
Иако Корнелиус не наиде на разбирање во оваа индустрија, Амоенината позиција како индустриски лидер и значаен пораст и те како го привлече вниманието на другите компании. Во 1994, Амоена Германија се спои со Колопласт. Потоа во 2007, Граинвил Баирд Капитал Партнерите инвестираа во Амоена групацијата.
Амоена ги обслужува маркетите ширум светот вклучувајќи ги и Западна, Централна и Јужна Америка, Европа, далечниот Исток, Африка и Пацификот. Ние ги дистрибуираме производите до болници, клиники и илјадници специјализирани продавници и аптеки.
Влијанието на Корнелиус продолжува
Корнелиус Рехенберг имаше визија и определба за револуција во производството на градни протези. Иако тој почина во 2001, неговото влијание продолжува да ги води мисијата и вредностите во Амоена. Ние остануваме посветени на неговата визија и на жените на кои ние гордо им служиме.