Мора да постои подобар начин...
Корнелиус Рехенберг започнал со едукација на студиите по пластични технологии во Универзитетот за Применети науки во Розенхеим, Баварија, Германија во 1971. Тој работи во Анита, производител за женска долна облека, додека студирал и почнал со експериментирање со нови материјали со цел да направи силиконска дојка со што поприроден изглед. Во тоа време, повеќето протези беа пластични кеси исполнети со течности како што се масла или пасти. Корнелиус знаеше дека мора да постои подобар начин за производство на градни протези. Тој ја изработи својата дипломска теза на тема – Развој на силиконска градна форма.
Првите продажни активности
Корнелиус препозна дека силиконската градна протеза има потенција за подобро задоволување на потребите на жените. Иако тој ја позиционираше протезата како навистина маркетиншки производ, тој не успеа со тоа да ги заинтересира индустриските водичи во тоа време. Со помош на неговите браќа тој открил нов метод за производство (често користејќи ги реквизитите од кујната на неговата мајка) и ја пропатувал цела Германија за да успее да ги продаде своите протези во продавниците со Ортопедски помагала. Амоена го имаше својот прв настап на саемот ИГЕДО во септември 1976. Во недостаток на финансии за вистински штанд, Корнелиус и неговите браќа собрале Баварски мебел од локалните фармери, но за жал иако успеале да го продадат целиот мебел, не успеале да продадат ниту една протеза.
Успех
Почетоците на нивниот успех започнуваат истата година кога Баско- Камп, интернационална фирма за дистрибуција на медицински помагала, ги замолила за втора презентација. По презентацијата, тие нарачале 1000 протези. Една година подоцна Амоена влегува на Американскиот пазар, формирајќи фирма во Атланта. До 1980, Амоена беше сеуште мала фирма, меѓутоа успехот и развојот беа на пат поради посветеноста и вербата на Корнелиус.
- 1975 Зачетокот на Амоена
- 1976 Првите продажни активности и креирање на производни капацитети
- 1977 Испорака на 1000 протези за Баско- Камп
- 1978 Отварање на првата филијала во Америка