Благосостојба на жените
Од своите почетоци Амоена е фокусирана на креирање на иновативни решенија и дизајни кои нудат модерна и женствена поддршка за оперираните жени. 35 години подоцна, Амоена продолжува да обезбедува природно чувство на благосостојба кое ги надминува границите на нашите производи. Со поддршката на добротворните организации, водејќи различни интернет форуми, и издавајќи разни печатени материјали ние тежнеееме да бидеме животни сопатници на жените со рак на дојка.
Подобрување на квалитетот на живот
Како придонес за помошта на оперираните жени и задржување на нивниот позитивен став кон самите себеси, Амоена го издаде Амоена Лајф списанието во 1994 година. Содржината на ова списание е креирана за да ги инспирира оперираните жени со нивните вистински животни приказни и победи, а исто така и да им помогне да ги поминат пречките по откривањето на нивната дијагноза и третман полесно. Ние исто така ја спонзорираме едукативната страница TheBreastCareSite.com.Оваа страница ја развивме во 2006 година со цел да им помогнеме на сите жени со оваа дијагноза како и на нивните сопрузи, пријатели и членови на фамилијата.
Корпоративна одговорност
Амоена е долгогодишен поддржувач на сите локални и национални организации посветени на помагање на жените со рак на дојка, вклучувајќи ги the Breast Cancer Network of Strength, Amputee Coalition of America, National Consortium of Breast Centers and Young Survival Coalition. Во 2009 ние ја оформивме врската со Luminous Breast Cancer Фондацијата која има цел да им помогне на жените со пониски социјални статуси без обезбедено здравствено осигурување. Во Македонија Амоена има соработка со сите здруженија кои се занимаваат со оваа тематика. Борка и Животна Искра.