Менаџментот на Амоена си ја постави целта да ги намали карбонските печати за 25 проценти во тек на следните 4 години. За да го постигнеме ова, ние воспоставивме агресивни мерки кои вклучуваат промени како принтање на рециклирана хартија како и поголемите мерки како развој на нови еколошки производи.
Некои промени кои клиентите ќе можат да ги забележат во блиска инднина:
- Печатење на Амоена Лифе на рециклирана хартија и поттикнување на читачите да ја читаат онлине верзијата на ова списаније.
- Промена на пакувањата на градните протези и градници.
- Намалување на бројот на стандардни поштенски пратки и зголемување на употребата на електронската пошта за проследување на информациите и промоциите.
Исто така Амоена има назначено таканаречени зелени амбасадори кои ни помагаат при постигнувањето на нашите цели и планираме да направиме интерни “зелени контроли” кои ќе не осигураат дека сите ние ги почитуваме и следиме новите процеси. Со нашата следна ИСО контрола, ние ке добиме нова корпоративна практика и прирачник, кои ќе се однесуваат на најновите стандарди за заштита на човековата околина. Во нашите планови за иднината ние ги земаме во предвид сите аспекти, од сертификација до боење на текстилите.
“Заштитата на околината е продолжување на нашата посветеност на жените на кои им служиме. Не само што тоа е единствената вистинска работа која треба да се направи туку е неопходна акција која мора да се направи”