Amoena им обезбедува подобар квалитет на живот на жените кои имале операција на градите. Amoena верува во квалитетот на сите производи и бизнис процеси. Нашата желба е да го подобриме квалитетот на животот на овие жени, истовремено не нарушувајќи го квалитетот на животот на другите. Затоа се посветуваме себеси да се однесуваме одговорно.
Нашата дефиниција за квалитет е базирана на иновативни и веродостојни производи и ефикасни процеси кои ги задоволуваат потребите на внатрешните и надворешните клиенти.
Квалитетот, заштитата на животната средина и континуираниот развој се одговорности на сите вработени. Затоа нашата цел е:
- постојано да ги подобруваме квалитетот и еколошката одржливост во зависност од потребите на клиентите.
- постојано да ја подобруваме ефикасноста на нашиот менаџмент систем за квалитет и животна средина врз основа на внатрешни системи за евалуација.
- да воспоставиме цели на квалитет и животна средина и истите континуирано да ги анализираме.
- да ги оптимизираме нашите секојдневни постапки во однос квалитетот и животната средина.
- да превземеме мерки на заштита за да го спречиме влијанието на квалитетот и животната средина врз развојот на нови производи, технологии и бизнис области.
- квалитетот и животната средина да станат клучни елементи во значајните менаџмент одлуки.
- да ги едуцираме и вклучиме вработените, клиентите, снабдувачите, општеството и акционерите и да размениме знаења во однос на квалитетот и животната средина.
Менаџерите и вработените се подеднакво одговорни за иницирање на постапки со цел да се постигне континуиран развој. Исто така сите производи и бизнис процеси мора да ги исполнуваат регулативните барања и доброволни должности на кои е посветена Amoena.
Менаџмент системот за квалитет и животна средина обезбедува основа за сообразност со оваа стратегија (политика). Затоа одговорност на секој вработен е да се однесува во согласност со истиот.