Во последните 35 години Амоена е позната како индустриски лидер во иновацијата и технолошките достигнувања. Производството на високо квалитетни производи за нашите потрошувачи и репутацијата на фирма која постојано ги поставува индустриските снадарди се дел од нашата историја.
Нашиот лидерски пристап
Ние сме горди на нашите производи и нашите бизнис процеси. Додека нашата работа помага при подобрување на квалитетот на животот на жените, ние не сакаме да го загрозиме квалитетот на живот на никого. Ние ја разбираме сериозно нашата улога на индустриски лидер и разбираме дека со неа доагаат и големи одговорности. Затоа, се обврзуваме на одговорно однесување со природата. Значително го намаливме карбонското печатење на глобално ниво и со тоа ги охрабривме останатите индустрии да го следат нашиот пример.
“Амоена има долга историја во практикување на проактивна социјална одговорност и грижа за природата”, вели Андреас Линке, менаџер за Квалитет и околина на Амоена. “Нашата индустрија треба да завземе активна улога во зачувувањето на околината и Амоена има голема заслуга во поставувањето на глобален менаџерски пристап”
Посветеност на перфекција
Истражувањата на Амоена сугерираат дека во следните 10 години бројот на луѓе кои ќе бидат инволвирани во глобализација на продукцијата и/или потрошувачката на нашите производи ќе се зголеми за 25 до 50 проценти. Бидејќи ресурсите на фосилна енергија која е базирана на карбон која ние ја користиме, не се обновува, нашите процеси и бизнис модели ќе мора да претрпат значителни измени со цел да ги задоволат потребите на нашите дистрибутери и крајни потрошувачи.
Амоена е сертифицирана од Интернационалната Организација за Стандардизација (ИСО) и има неколку успешни проекти зад себе. И покрај тоа ние сега го зголемуваме фокусот кон претворање на сите делови од нашата компанија кон ”зелени”. Почнувајќи од дизајнот на производите до продажбата и маркетингот, нашите цели се да ги имплементираме зелените стандарди низ целата наша организација.
Зелени амбасадори ширум светот
Исто така Амоена има назначено таканаречени зелени амбасадори кои ни помагаат при постигнувањето на нашите цели и планираме да направиме интерни “зелени контроли” кои ќе не осигураат дека сите ние ги почитуваме и следиме новите процеси. Со нашата следна ИСО контрола, ние ке добиме нова корпоративна практика и прирачник, кои ќе се однесуваат на најновите стандарди за заштита на човековата околина. Во нашите планови за иднината ние ги земаме во предвид сите аспекти, од сертификација до боење на текстилите. При креирањето на новите колекции и иновации Амоена секогаш ги има на ум интересите на нашите клиенти. “Заштитата на околината е продолжување на нашата посветеност на жените на кои им служиме. Не само што тоа е единствената вистинска работа која треба да се направи туку тоа е душата на филозофијата на Амоена, да се обезбеди квалитетен живот за сите идни генерации”.