Карциномот на дојка е најчесто малигно заболување кај жената.Иако свеста кај жените расте и навремените превентивни ехо и мамографски прегледи овозможуваат рано откривање на карциномот на дојка, бројот на заболени од карцином постојано се зголемува. По откривањето на карциномот, најчесто следи хируршка интервенција кога се отстранува дојката целосно или делумно, по што следи понатамошен конзервативен третман во лекувањето. Токму овој период е најтешкиот пат кој жената треба да го изоди.
Операцијата е завршена,карциномот е победен. Но останува психичкиот немир, губењето на симболот на женственоста, губењето на самодовербата, стравот, несигурноста и многу прашања без одговори . Зошто јас? Ке успеам ли да издржам, ќе успеам ли да ги реализирам своите животни планови? Како да се чувствувам повторно како жена?
Во ова се уверуваме при секојдневните контакти со жените кои се соочуваат со овој голем проблем на современото живеење. Токму затоа во рамките на нашите административни простории ние, Медикус Хелп уредивме мало и пријатно катче кое и го посветивме на жената и го нарековме Жена Центар. Тука, во пријатна и топла атмосфера, со асистенција на обучен кадар, жената ќе може да го проба и точно да го одбере потребното помагало. А се потрудивме да имаме се што и е потребно на жената во постоперативниот период. Есктерни градни протези, ортопедски градници, ортопедски костими за капење, ракавици за лимфедема, перики, турбани, чешли и др. Единствено во Македонија, на голема радост на жените - се на едно место, во Жена центарот на Медикус Хелп.
Сакаме и можеме да посветиме должно внимание на потребите на жената која е во најчувствителниот период од својот живот, да поразговараме за проблемите, за можностите, да го одбереме потребното помагало. Искрено се надеваме дека можеме да придонесеме во враќањето на самодовербата и ќе бидеме причина за насмевка на лицето на жените во Македонија.