Амоена Indivivual
28.04.2010
Rita Nude

Амоена Indivivual – линија на градни протези од Амоена со модулирана позадина за извонредно тесно припивање на градната протеза. Воведувањето на новиот патентиран високософистициран слој – позадина од материјал кој ја балансира температурата резултира со целосен комфорт при носењето.

Амоена Indivivual продолжува да биде идеално решение за жени со нееднаква – нерамна лузна. Земајќи го во предвид зголемувањето на бројот на операции со штедење на ткивото, Амоена индивидуал станува соодветна за се поголем број на жени. Таа е и идеална како прва градна силиконска протеза која жената може да ја носи кога кожата на градите е осетлива дури и после многу краток изминат период од операцијата.

Како водечки производител (снабдувач) на градни протези, Амоена постојано тежнее да воспостави нови технолошки стандарди и да развие иновативни решенија со цел да одговори на индивидуалните потреби на жените кои имале мастектомија. Амоена градните протези им помагаат на овие жени да се чувствуваат сигурни и да го вратат чувството на самодоверба.