Нова продукт структура
27.03.2008

Во непосредни разговори со оперираните жени и специјалистите за продавање на градни протези ние откривме еден многу битен фактор. Имено, по операцијата, жените се соочуваат со голем избор на продукти и градни протези со кои што немаат никакво предходно искуство. Затоа, нив им е потребна јасна ориентација за секој производ и како тој може да им помогне да се вратат побрзо и полесно на својот секојдневен живот.

Нашата нова продукт структура ја овозможува оваа ориентација. Новата структура го олеснува пребарувањето низ широката палета на производи и го олеснува пронаоѓањето на најдобриот производ за секоја жена. Новите имиња кои лесно се памтат исто го олеснуваат процесот на избор.

Нова структура на Amoena градни форми

Она што жените кои ги носат нашите производи сакаат да го знаат е кои се конкретните потреби кои одреден производ ги задоволува.

Затоа, ние ги поделивме градните протези на Amoena во пет различни сегменти.

  • Contact - Ја чувствувате како дел од себе
  • Climate- Пријатна температура цело време
  • Natura- Природен изглед и движење
  • Individual - Совршено приспособување на телото
  • Essential - Рамнотежа и сигурност
  • Balance - За совршено прилагодување 
Нова структура на текстилните производи на Amoena

Одговорот на прашањето "Што да облечам", обично го наоѓаме во зависност од моменталната состојба во која се наоѓаме самите себе си. Поради тоа ние креиравме три нови сегменти на долна облека и костими за капење кои одговараат за секоја ситуација во која може да се најде една жена како на пример: "секојдневна удобност","спортски активности"или"забава". Трите нови сегменти се:

  • Feel - Релаксација и удобност.
  • Style - Истакнете го вашиот личен стил
  • Move - Бидете сигурни cо секоe своe движење