Medicus Help ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА чие име кажува многу, постои од 1993 година. Активно се занимава со дистрибуција на ортопедски помагала и во својата понуда има преку 3000 најразновидни артикли наменети за олеснување на секојдневието и подобрување на квалитетот на животот. Medicus Help има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, што на осигурениците им овозможува на поедноставен начин да го набават потребното помагало.
Medicus Help е ексклузивен застапник за територијата на Р.Македонија на светски познатиот лидер за производство на градни протези, градници и костуми за капење Amoena.
Amoena во својата програма има повеќе производи кои во целост ги задоволуваат потребите на современата жена која се соочува со мастектомија. Нашата основна заложба е да им помогнеме на жените кои се соочиле со дијагнозата карцином на дојката и биле оперирани, да продолжат да го живеат животот што поквалитетно, да го вратат чувството на самодоверба. За таа цел остваруваме соработка со повеќе женски здруженија за борба против карциномот на дојката, редовно учествуваме на нивните едукативни работилници, остваруваме непосредни контакти со оперираните жени преку волонтерки и на тој начин најдобро ги осознаваме нивните потреби.
Токму затоа имаме издадено и брошура “ Самодоверба се повеќе”, наменета за првиот постоперативен период, во која можат да се најдат корисни совети за овој најчувствителен период за жената, за нејзината психичка состојба, неколку корисни вежби за превенција од појавата на лимфедема (оток на раката).
Во нашата понуда може да се најдат и ракавици за лимфедема која е чест проблем кај жените кои имале мастектомија и кај кои биле третирани лимфните јазли.Бидејќи овие жени лечењето го продолжуваат со хемотерапија или радиотерапија, честопати се јавува опаѓање на косата. Во понудата на Medicus Help има и многу видови и модели на медицински и естетски перики кои се неопходни за овој период.
За подетални информации за комплетната понуда на Medicus Help ве молиме посетете ја нашата веб страница www.medicushelp.com.mk или посетете некој од нашите продажни салони.
Обратете ни се, ќе бидеме среќни ако можеме да ви помогнеме!
Медикус Хелп дооел
ул. Бел Камен бр. 7 (Водно)
1000 Скопје
Македонија
тел.: 02 3130 015
факс: 02 3220 745
email : info@medicushelp.com.mk
Web : www.medicushelp.com.mk
www.amoena.com.mk